IDSCS

Политички систем PDF Печати Е-пошта


Центарот за политички систем и локална самоуправа е еден од столбовите на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ кој за свој предмет го има следењето на политиките на институциите на политичкиот систем во Република Македонија со посебен осврт кон процесот на пренесување на надлежностите од централно на локално ниво. Во рамките на овој центар до сега се работени неколку академски и истражувачки проекти. Центарот за политички систем и локална самоуправа има соработувано со неколку светски реномирани организации и фондации меѓу кои Институтот за регионални и меѓународни студии од Бугарија, Freedom House- Europe Budapest Office, Nansen Dialogue Center- Skopje Office, Агенцијата на Соединетите Држави за Меѓународен Развој (УСАИД) и други.

Интересот за меѓуетничките односи , односите меѓу политичките субјекти на локално и национално ниво како и процесот на менаџирањето со финансиите на локално ниво се само едни од приоритетите на овој центар. Иако работи само неколку години овој центар има дадено значаен придонес за развојот на демократијата пред се на локално ниво, како и во набљудувањето за транспарентно и одговорно работење на централните институции во државата.

За потребите на Nansen Dialogue Center- Skopje Office , Институтот за демократија изработи студија за состојбата во општината Јегуновце. Оваа општина, зафатена со конфликтот во 2001 се соочуваше со проблеми од меѓу - етнички, економски, образовен и социјален карактер. Истражувањето спроведено во оваа општина имаше за цел да помогне и даде насоки во понатамошните активности на Nansen Dialogue Center - Skopje Office, организација која има најмногу имплементирани активности во овој регион. Целосната студија за извештајот можете да ја најдете овде.

Еден од проектите имплементирани од Институтот за демократија во соработка со East-West Институтот е проектот економските потенцијални на ГПКТ регионот. Истражувањето беше спроведено во Косово, Македонија и Србија и тоа во општините Гнилане, Прешево, Куманово и Трговиште. Заклучоците од проектот и целосната анализа можете да ги најдете овде.

Еден од позначајните имплементирани проекти е проектот „Процесот на децентрализација во Македонија“ имплементиран од Институтот за Демократија од Македонија, Институтот за регионални и меѓународни студии од Бугарија, Freedom House - Europe Budapest Office финансиски подржан од Агенцијата на Соединетите Држави за Меѓународен Развој (УСАИД). Завршниот извештај од проектот можете да го најдете овде или само резимето од проектот.

Во рамките на овој центар до сега се имаат спроведено неколку истражувања на јавното мислење за довербата во институциите на политичкиот систем како и за работењето за дел од општините во државава.

Институтот за демократија има склучено формално партнерство (меморандум за соработка) со Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) со цел да помогне со своето знаење и капацитети во процесот на сите аспекти на децентрализацијата во Република Македонија