IDSCS

Евро-атлантски интеграции PDF Печати Е-пошта


Центарот за европска интеграција е формиран во 2001 година и оттогаш континуирано работи во насока на промовирање, евалуација и поддршка на процесот на европска интеграција. Центарот ја структурира својата активност во насока на продуцирање на екстензивни истражувања и анализи на евро-интеграцискиот процес, зајакнување на процесот на креирање на јавна политика, но и јавна поддршка и промоција на европската идеја и интеграција.
Истовремено, истражувачите на Институтот за демократија кои се активни во рамките на овој центар континуирано имплементираат тренинг програма наменета за различни целни групи која содржински е центрирана како на самата Европска Унија, така и на македонскиот процес на пристапување.


Од своето формирање, Центарот за европска интеграција спроведува програма за тренинг од областа на Европски студии/Европска интеграција. Во соработка со фондацијата Фридрих Еберт, Центарот за европска интеграција спроведува континуирана обука за пратениците од Собранието на Република Македонија.
Предавачи од овој центар редовно учествуваат и на Политичката академија која е организирана од страна на фондацијата Конрад Аденауер. Во текот на 2007 година тренинг програмата се фокусира и на работилници насочени кон запознавање со инструментите на предристапната помош на ЕУ и со модалитетите на нивна алокација.

повеќе ...


Во 2005та, Институтот за демократија во соработка со група истражувачки институции беше вклучен во финалната евалуација на одговорите на прашалникот на Европската комисија во рамките на апликацијата за членство на Р. Македонија. Истражувачи од Центарот за европска интеграција работеа на поглавјата правда и внатрешни работи и политички критериуми.



Во 2004 год, во соработка со Идеа плус интернешнал, Институтот за демократија беше вклучен во креирањето и спроведувањето на кампањата “И сонцето е ѕвезда“ на Секретаријатот за европски прашања. Во рамките на овој проект, истражувачите на Институтот подготвија дел од главните инструменти на кампањата.

повеќе ...

Од 2004, истражувачи на Институтот за демократија се вклучени во издавачкиот регионален проект на Европската комисија, Европскиот институт од Софија и Институтот Евробалкан “Унапредување на односите меѓу ЕУ и Западен Балкан“. Истражувачи на Институтот досега ги спроведоа и напишаа Националните истражувања за Македонија во областите на правда и внатрешни работи и внатрешен пазар.



Од декември 2003, Институтот за Демократија за потребите на Секретаријатот за европски прашања при Владата на Република Македонија континуирано спроведува истражувања и анализи на јавното мислење околу различни аспекти на процесот на европска интеграција.

истражувања и анализи ...


Од декември 2002, Институтот за демократија ја спроведува јавната кампања “Македонија без Шенген“ чија главна цел е да изврши позитивен притисок врз јавната администрација и да го зајакне реформскиот процес кон исполнување на условите со што би се создала поволна политичка клима за укинување на визниот режим со Европската унија.

Проектот кој започна како public policy кампања, прерасна во многу корисен брифинг инструмент за определени министерства и пратеници. Институтот за демократија досега има одржано официјални презентации во рамките на Собранието на Република Македонија, Владата и Кабинетот на поранешниот претседател на Р. М. г-дин. Борис Трајковски.