|
Испитување на јавното мислење |
|
|
|
Со повеќегодишната работа во доменот на испитување на политичкото јавно мнение, ИДСЦС се стекна со одлично реноме. Причината за тоа се испитувањата кои ги истражуваат перцепциите и ставовите на јавноста за актуелни суштествени прашања.
Истовремено, сите овие години, Институтот со точноста на своите истражувања успеа да ги предвиди исходите од парламентарните избори 2002 и 2006, како и претседателските избори 2004. Таквиот успех е резултат на неуморната работа на експертите во рамките на Институтот кои постојано ја прилагодуваат својата работа на постоечките услови и промени како би придонеле кон највисок степен на методолошка прецизност и точност. ИДСЦС врши редовни периодични испитувања на јавното мнение, пред се преку анкетирање. Во доменот на телефонските анкети, ИДСЦС е водечка организација во Република Македонија.
Во своите анкети, ИДСЦС вклучува постојани прашања чија цел е да го мерат рејтингот на политичките партии, личности и релевантни институции на подолг временски период, но истовремено, ги истражува перцепциите и ставовите на граѓаните за актуелни случувања во македонската политика.
ЛИСТА НА ДОСЕГАШНИТЕ ИСПИТУВАЊА НА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ
2009
2008
2007
2006
2005
|