IDSCS


ЗА ИНСТИТУТОТ ЗА ДЕМОКРАТИЈА

Институтот за Демократија „Социетас Цивилис“ е граѓанска, невладина, непартиска, непрофитна и секуларна организација основана во 1999 година. Целите на Институтот се да работи на подобрувањето на демократските процеси во Македонија и на развојот на политичката култура на граѓаните. Основачите и членовите на Институтот за демократија поаѓаат од фактот дека еден од основните услови за успешно функционирање на демократијата во Република Македонија е создавањето на здрава политичка клима и услови за олеснета демократска комуникација помеѓу учесниците во политичкиот процес.

Една од главните мисии на Институтот за демократија е истражување и анализа на македонското општество и ситуацијата во регионот како и на јавната промоција и лобирањето на мислења и препораки кои се формулираат на основа на овие истражувачки резултати. Ваквиот, пред се емпириски пристап ни овозможува да имаме реалистички поглед во карактеристиките и обемот на актуелните социјални и политички ситуации. Институтот за демократија в о исто време дејствува како think - tank и action - tank организација.

Во својата работа, Институтот за демократија воспоставува тимови на експерти, ја потикнува и координира нивната работа во потрага по оптимални решенија на различни социјални и политички промени. Досега сме соработувале со голем дел од најреспектираните експерти и институции од различни полиња на стручност како во државава така и во странство.
 

Новости

Наши партнери

btd

ewi_logo

eu_logo

Дома