Институтот за Демократија „Социетас Цивилис“ е граѓанска, невладина, непартиска, непрофитна и секуларна организација основана во 1999 година. Целите на Институтот се да работи на подобрувањето на демократските процеси во Македонија и на развојот на политичката култура на граѓаните. Основачите и членовите на Институтот за демократија поаѓаат од фактот дека еден од основните услови за успешно функционирање на демократијата во Република Македонија е создавањето на здрава политичка клима и услови за олеснета демократска комуникација помеѓу учесниците во политичкиот процес.
Една од главните мисии на Институтот за демократија е истражување и анализа на македонското општество и ситуацијата во регионот како и на јавната промоција и лобирањето на мислења и препораки кои се формулираат на основа на овие истражувачки резултати. Ваквиот, пред се емпириски пристап ни овозможува да имаме реалистички поглед во карактеристиките и обемот на актуелните социјални и политички ситуации. Институтот за демократија в о исто време дејствува како think - tank и action - tank организација.
Во својата работа, Институтот за демократија воспоставува тимови на експерти, ја потикнува и координира нивната работа во потрага по оптимални решенија на различни социјални и политички промени. Досега сме соработувале со голем дел од најреспектираните експерти и институции од различни полиња на стручност како во државава така и во странство.
НОВОСТИ

ЗА ИНСТИТУТОТ ЗА ДЕМОКРАТИЈА

Институтот за Демократија „Социетас Цивилис“ - Скопје е граѓанска, невладина, непартиска, непрофитна think-tank организација. Основана е во 1999 година од група интелектуалци собрани околу идејата за демократија, солидарност и цивилно општество. Долгорочните цели на Институтот се да работи на балансиран социо-економски развој, активна граѓанска вклученост и партиципативна политичка култура, како и остварување на либералните вредности во македонското општеството. Во оваа насока, во своите активности ИДСЦС се стреми кон почитување на владеење на правото, доброто владеење и мултиетничко и мултикултурно сопостоење. Својата работа ИДСЦС првенствено ја заснова на социометриски истражувања и проектни активности. Веруваме дека човечкиот капитал е главен предуслов за позитивна општествена промена и затоа посветено работиме на проекти за подобрување на капацитетите, преку трансфер на знаење и вештини. Истотака, сметаме дека напредокот на нашето општество е поврзан со расположливоста на ресурси за саморефлексија. Оттука, застапуваме препораки за јавни политики и се стремиме да ја збогатиме јавната дебата преку промоција на политики базирани на докази, како и преку издаваштво и јавни настани.

0000-00-00:
Item Title of Your event

База на податоци на стручњаци во области на демократија и владеење на право кои може да бидат консултирани во процеси на креирање на јавни политики

преземи XLSX

преземи ODS